ЕФИКАСЕН СОЈУЗНИК НА ИМУНИТЕТОТЦинкот е минерал кој е од витално значење за секојдневните физиолошки процеси.Како катализатор на над 100 ензимски реакции, метаболни процеси и учество во синтеза на протеини, спаѓа во групата на есенцијални минерали кои се потребни секојдневно да се внесуваат преку исхраната или преку додатоци на исхрана.Цинкот е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните. Неговото дејство се должи на антиоксидативната моќ на овој минерал, што резултира со уништување на слободните радикали кои се причина за повеќе заболувања, како и за предвремено стареење.Дејство на Zink 15mg Нормална функција на имунолошкиот систем Нормална плодност и репродукција Одржување на здрава коса, нокти и кожаЦинкот е минерал чие присуство во нашиот организам е неопходно за нормално функционирање на повеќе од 100 ензими. Важна улога има и во синтеза на ДНК, во клеточната делба и клеточниот метаболизам. Неопходен е за синтеза на протеините, и на тој начин поттикнува правилен раст и развој. Цинкот ни е потребен за претворање на (Т4 тироксин) во Т3 (тријодтиронин), па е важен и за нормална функција на штитната жлезда. Исто така, дејствува смирувачки на нервниот систем. Овој минерал е моќен антиоксидант и стимулатор на имунитетот. Зголемувајќи ја одбранбената способност на организмот, тој придонесува во спречување на инфекции. Цинкот ги поттикнува и процесите на регенерација на коските, а на кожата и слузокожата спречува развој на бактерии, има способност за сушење и затегнување на кожата и слузокожата, со што придонесува за намалување на јадеж и болка. И добриот вид на очите во голема мера зависи од внесување на цинкот.Внесување на цинкот е особено важно за хормоните кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите. Нивото на тестостерон влијае и врз сексуалната активност, големината на мускулната маса, растот на коските и сл. Затоа е потребно мажите да му посветат поголемо внимание на цинкот и на храната која е богата со цинк.Недостаток на цинк може да доведе до различни промени на кожата (акни, егземи, псоријаза, груба и сува кожа), до опаѓање на косата, пореметување во растот, нервна напнатост, забавување на когнитивните способности, губење на апетит и килограми, забавен раст на коските, одложување на менструалниот циклус и намалена продукција на сперматозоиди..Пад на имунитетот како резултат на недостиг од овој минерал може да биде причина за чести настинки.Цинкот се наоѓа како составен дел во најразлични продукти, од растително и животинско потекло, но бидејќи е застапен во мали количини неопходно е да се внесуваат повеќе намирници богати со овој минерал или преку суплементација. Најголема количина на цинк содржат морските плодови, млечните производи, легуминозите, јаткасти плодови, семките од тиква, говедско месо и др.Зголемени потреби од внесување на цинкот имаат трудниците, доилките, спортистите, вегетаријанци, консументи на исхрана која содржи многу растителни влакна кои ја спречуваат апсорпцијата на цинкот, лица над 50 годишна возраст, лица кои консумираат алкохол и др.
SYNERGY ЦИНК таблети 15mg, 60 парчиња
0
550.00 ден
4 на залиха
4 на залиха
Подигање веднаш
Бесплатно
Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање
150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.
2-3 работни дена
12
People watching this product now!
Payment Methods:
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.