NOBEL NOBEL ПРОБИОТИК ГОЛД прашок за орална употреба , 20 парчиња

0

SKU: NBL-15

0.00 ден

Нема на залиха

Нема на залиха

Sale_coupon_15

Полин промоција !!!

Побрзајте и добијте 15 % попуст во следните 7 дена
  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

14 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

  1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Името на овој граничен производ е НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД. Секоја ќесичка содржи 962,825 mg фруктоолигосахариди и полидекстроза, пробиотиски микроорганизми (2,5 x 109 cfu) (Enterococcus faecium, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium bifidum и витамини (75 mg витамин Ц, 7,5 mg витамин Е, 600,6 μg RE витамин А, 1,9844 mg витамин Б6, 1,6 mg витамин Б2, 1,404 mg витамин Б1).

 

Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.

Пробиотиските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот тракт и го поддржуваат имунолошкиот систем.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора.

Исто така, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus помагаат во обновувањето на вагиналната микрофлора.

 

НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД е пребиотски, пробиотски и витамински производ кој се користи за одржување на здравјето на цревата и го поддржува имунолошкиот систем.

 

  1. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД

Не користете го НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните состојки или било која од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.

Овој производ не може да ја замени нормалната исхрана.

Наменет е за возрасни.

Не претствавува лек. Не се користи за превенција или лекување на болести.

 

Кажете му на Вашиот лекар или фармацевт ако земате или неодамна сте земале други лекови, вклучувајќи и лекови кои се купуваат без рецепт.

 

Употреба на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД со храна, пијалок и алкохол

Не употребувајте алкохол пред или по употребата на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.

 

Бременост и доење

Кажете му на Вашиот лекар или фармацевт пред да почнете да го употребувате овој производ.

  • Ако сте бремени или доите, Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник пред да го земете овој производ.

 

За време на третманот, ако забележите дека сте бремени, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар.

 

Возење и ракување со машини

Не се спроведени студии за ефектот врз способноста за возење и управување со машини. Ве молиме да внимавате кога возите или управувате со машини додека не дознаете како  овој производ влијае на вас.

 

Важни информации за некои од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД

НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД може да содржи траги од соја.

Производот содржи млеко и компоненти на млеко. Не користете го овој производ ако сте алергични на млеко или на некоја од компонентите на млекото.

 

  1. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД

Производот е наменет само за перорална употреба.

Не надминувајте ја препорачаната доза.

НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД, се зема само преку уста.

Се препорачува да се зема еднаш дневно, наутро или навечер со оброк или после јадење, помешан со храна, вода, млеко или јогурт.

Вашиот лекар ќе одлучи како да го користи НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.

Овој производ е наменет за возрасни.

 

Времетраење на употреба

Освен ако Вашиот лекар не ви препорачал поинаку, ве молиме следете го ова упатство.

 

Вашиот лекар ќе ве информира за периодот на употреба на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.

 

Ако земете повеќе НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД отколку што е потребно

Ако земате повеќе НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД отколку што е потребно треба  да му кажете на Вашиот лекар или фармацевт.

 

Ако сте заборавиле да земете НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД

Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш штом се сетите, не земајте двојна доза за да ја надоместите заборавената индивидуална доза.

 

  1. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Како и сите лекови, НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД може да предизвика несакани ефекти кои не се јавуваат кај сите лица кои го употребуваат овој производ.

Сите несакани ефекти кои се пријавени за овој производ не се вклучени во ова упатство. Ако вашето општо здравје се влоши или ако имате некои несакани ефекти додека го земате овој производ, веднаш прекинете ја употребата и консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник.

 

  1. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД

Производот чувајте го на температура под 25оC, во сопственото пакување.

Да се чува подалеку од дофат и поглед на деца.

Чувајте го во оригиналното пакување.

Не користете го НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД после препорачаниот рок на употреба кој е наведен на пакувањето.

 

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД

  • Секоја ќесичка НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД содржи влакна (фруктоолигосахариди, полидекстроза), пробиотски микроорганизми (Enterococcus faecium, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium bifidum) и витамини (витамин Ц, витамин Е, витамин А, витамин Б6, витамин Б2 , витамин Б1).
  • Други состојки се лактулоза, прашок со вкус од портокал, вкус од портокал, вкус на млеко, средство против стврднување (магнезиумови соли на масни киселини) и соја (количество во траги).

 

Бренд

Количина/големина

Количина/големина

Единица мерка

Единица мерка

Кориснички оценки

0 reviews
0
0
0
0
0

Критики

Clear filters

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “NOBEL NOBEL ПРОБИОТИК ГОЛД прашок за орална употреба , 20 парчиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 2 3 4 5
1 2 3 4 5
1 2 3 4 5

52 − = 49