NATURA PLUS BIOBRAN таблети 250mg, 50 парчиња

0

SKU: NAT-2

3,320.00 ден

1 на залиха

1 на залиха

  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

17 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

БИО БРАН МГН-3 е добиен по пат на единствена патентирана постапка на разложување на големите полисахаридни молекули од оризови влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Готовиот производ е со таква чистота и во својот состав не содржи печурки, што го прави безбеден при појава на алергии од печурки.

БИО БРАН МГН-3 (арабиноксилан комплекс) претставува оригинален Јапонски производ, развиен за прв пат 1992год од Hiroaki Maeda, директор во одделот за Истражувања и Развој во Daiwa Pharmaceutical Co., LTD од Токио. БИО БРАН МГН-3 е добиен по пат на единствена патентирана постапка на разложување на големите полисахаридни молекули од оризови влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Готовиот производ е со таква чистота и во својот состав не содржи печурки, што го прави безбеден при појава на алергии од печурки.

Со долгогодишни истражувања докажано е дека полисахаридните молекули добиени од растителните влакна имаат високо стимулирачки ефект врз имунолошкиот систем, намалувањето на нивото на холестерол, во подобрување на метаболизмот на шеќери, редукција на интестиналната токсичност.

Храната која секојдневно ја внесуваме, се разложува со помош на дигестивните ензими во желудникот и цревата, понатаму дел од неа се апсорбира и оди во крвотокот. Растителните влакна се составени од долги полисахаридни синџири кои се тешко сварливи и нересорптивни во гастроинтестиналниот тракт, и само поминуваат низ него и во најголем дел непроменети се исфрлаат од организмот. За да се апсорбираат во крвотокот, потребно е раскинување на големите полисахариди на пократки синџири кои многу полесно се апсорбираат . Пократките синџири (хемицелулози) од кои најмоќен е arabinoxylan complex-от (БИО БРАН МГН-3) се веќе со многу мала молекула и недигестирани, преку тенкото црево навлегуваат во крвотокот. На тој начин директно го стимулираат имунолошкиот систем . (види слика)

Имуниот систем и неговата активност зависат од квалитетот на исхрана, токсините внесени во нашиот организам како и од секојдневниот стрес. Ослабен имун систем значи поголем ризик од болести како полесни настинки се до потешки заболувања како карцином. Важна компонента на имуниот систем се Натурал киллер (НК) клетките или клетки убијци. Овој тип клетки се најагресивни и се прва линија на одбрана од мутирани , вирусни, канцерогени клетки. Многу важна улога во одбрамбениот систем имаат Т и Б лимфоцитите, макрофагите, дендритските клетки.

Био Бран-от делува на начин на зголемување на продукцијата на цитокините (интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор) кои што делуваат на уништување на непријателските клетки и вирусите директно, како и на активирање на Т и Б лимфоцитите, макрофагите и особено на НК клетките. Б-лимфоцитите се фокусираат на продукција на антитела, додека Т лимфоцитите и НК клетките директно ги уништуваат бактериските, вирусните како и генетски модифицираните клетки. Сите истражувања јасно покажуваат дека Био Бран-МГН-3 многу моќно и успешно го модулира имуниот систем: активноста на Т и Б лимфоцитите, макрофагите, НК клетките, како и продукцијата на цитокини, што не е случај со повеќето навидум слични производи. Неговата ефикасност, безбедност и нетоксичност е докажана со преку триесет базични и клинички студии, направени на врвни светски универзитети кои што се јавно публикувани.

БИО БРАН-МГН-3 го стимулира ослабениот имун систем многу моќно и безбедно, без токсични ефекти и без резистентност. Затоа е одличен избор како додаток во исхраната со докажани врвни резултати кај пациенти и може да се пие долг временски период.

Големата имуностимулирачка моќ на BIO BRAN-MGN 3 му дава широк спектар на дејство и примена во:

-зајакнување на имунитетот и одржување на општата здравствена состојба како кај луѓе со намален и ослабен имунитет, настинки, така и кај сосема здрави луѓе;

-Малигни заболувања, бенигни заболуванња, а го подобрува квалитетот на живеење на пациенти на хемотерпија радиотерапија, ги намалува и ублажува несаканите ефекти како гадење, повраќање , намален апетит, опаѓање на коса;

-Вирусни инфекции- ХПВ, грип, херпес симплекс, херпес зостер, хепатитис В и Ц, АИДС ;

-Воспалителни процеси, ревматски артритис;

-Дијабетес ;

-Алергии;

-Бактериски инфекции

Вообичаеното дозирање на BIO BRAN-MGN 3 е :

o Кај одржување на општа здравствена состојба 500мг дневно;

o Кај дијабет, хепатит В и С , ХПВ 1000мг дневно;

o Малигни заболувања, АИДС 3гр дневно 1 месец, понатаму 2гр на ден 2 месеца и доза на одржување 1гр дневно уште барем 3 месеци;

o Сосема безбеден е да се користи и кај деца (со прилагодена доза)

BIO BRAN-MGN 3 го има во облик на таблети, и како прашок во кесички.

BIO BRAN-MGN 3 50тбл x 250 мг

BIO BRAN-MGN 3 30 кесички x 1000мг

Начин на чување:

Препаратот треба да се чува на ладно и суво место, подалеку од влага и извор на топлина и светлина.

 

M.Ghoneum професор на Одделот за Имунологија при Drew University of Medicine & Science, САД вели:

“ Повеќе од триесет години ги истражувам природните имуномодулатори и БИО БРАН-МГН-3 е најмоќниот природен имуномодулатор кој сум го тестирал досега”

______________________________________________________________________

НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.

Бренд

Форма

Форма

Јачина/концентрација

Јачина/концентрација

Количина/големина

Количина/големина

Единица мерка

Единица мерка

Кориснички оценки

0 reviews
0
0
0
0
0

Критики

Clear filters

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “NATURA PLUS BIOBRAN таблети 250mg, 50 парчиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 2 3 4 5
1 2 3 4 5
1 2 3 4 5

4 + 4 =