FEMIBION 2

SKU: MRCK-2

1,297.00 ден

4 на залиха

4 на залиха

  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

15 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

Бременост

од 13-40 недела и за период на доење

Пакување за 4 недели

4 недели, 28 филм таблети и 28 капсули = 39,2 g

Додаток на исхрана со комплекс витамини и минерали кои претставуваат дополнителен извор на овие биоактивни соединенија, наменет за жени во тек на второ и трето тримесечје од бременоста (13–40 недела) и во период на доење.

Од 13-та недела до породување и во тек на периодот на доење, како додаток на исхрана.

Фолна киселина + Метафолин®, останати витамини, минерали и лутеин + ДХА.

До 13-та недела телото на бебето е потполно формирано и сега започнува фаза на интензивен раст. Поради тоа препорачуваме Фемибион 2. Тој обезбедува фолат и ДХА.

*Фолатот и понатака е неопходен бидејќи придонесува за растот на ткивото на мајката за време на бременост, на пример во изградба на плацентата.

Плацентата ги обезбедува сите хранливи материи на бебето. Поради тоа, треба да се води грижа за доволен внес на фолати во тек на цела бременост.

Фолна киселина и Метафолин се извор на фолати во производот Фемибион 2. Метафолин, како активен облик на фолат, директно е достапен во Вашето тело и не треба да се конвертира.

*Внесувањето на ДХА (полинезаситена омега-3-масна киселина) од страна на мајката во бременост придонесува за нормален развој на мозокот и очите на фетусот и доенчето. Добар ефект на ДХА се постигнува со дополнителен внес од 200mg на ДХА дневно, со препорачан дневен внес на омега-3-масни киселини за возрасни, 250mg ДХА и ЕПА.

Фемибион 2 е производ кој во таблетите содржи единаесет витамини (витамин Б комплекс, витамини Ц, Д и Е), јод, селен, железо, магнезиум и цинк а во капсулите рибино масло богато со докозахексаенска киселина (омега-3-масна киселина), витамин Е и лутеин.

Витамин Д3 и цинк придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и имаат улога во процес на клеточна делба.

Магнезиум придонесува за нормален енергетски метаболизам и намалување на замор и исцрпеност.

Состојки (таблети): микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен),

магнезиум оксид, калциум-Л-аскорбат, железо – бисглицинат, хидроксипропил-метил целулоза (згуснувач), калциум карбонат (боја), малтодекстрин, никотинамид, вкрстено поврзана натриум-карбоксиметилцелулоза (стабилизатор), лимонска киселина, поливинил алкохол, полиетилен гликол и талк (средства за глазирање), хидроксипропил-целулоза (згуснувач), цинк-оксид, ДЛ-алфа-токоферил ацетат, калциум-Д-пантотенат, магнезиум стеарат, стеаринска киселина и дикалциум фосфат (средства против згрутчување), модифициран скроб (стабилизатор), пиридоксин-хидрохлорид, сахароза, тиамин-мононитрат, рибофлавин, пченкарен скроб, калциум-Л-метилфолат, птероил-моноглутаминска киселина, калиум-јодид, натриум-селенат, Д-биотин, холекалциферол и цијанокобаламин.

Состојки (капсула): ДХА (докозахексаенска киселина) од рибино масло, рибен желатин, глицерол (згуснувач), масло од шафран, моно и диглицериди на масни киселини (стабилизатор), ДЛ-алфа-токоферил ацетат, лутеин од цвет на невен (Tagetes erecta) – суспензија во сончогледово масло, екстракт богат со токоферол (антиоксиданс), лецитин од репка (емулгатор).

Бренд

Форма

Форма

,

Количина/големина

Количина/големина

Единица мерка

Единица мерка

Кориснички оценки

0 reviews
0
0
0
0
0

Критики

Clear filters

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “FEMIBION 2”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 2 3 4 5
1 2 3 4 5
1 2 3 4 5

25 − 18 =