Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа ја обезбедува SOS негата којашто ѝ е неопходна на сувата, многу сува, напукната и иритирана кожа. Безводниот мевлем образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата којашто го помага природниот пренос на водени молекули и кислород во и од кожата, ѝ овозможува на кожата да „дише“ и ја зајакнува нејзината природна бариерна функција. Мевлемот е збогатен со глицерин и пантенол. Глицеринот е ефикасен навлажнувач којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој делува заедно со пантенолот, којшто ја хидрира кожата и помага да се забрза нејзината регенерација и обновување.Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа е без мирис и конзерванси, а со клиничките и дерматолошките студии беше докажано дека го помага обновувањето на многу сувата, распукана или иритирана кожа.Смирувачкиот, провиден мевлем е лесен за нанесување и се втрива нежно во проблематичните зони како кожата на колената и на лактите, распуканата кожа на дланките, заноктиците и распуканата кожа на петите. Содржи само неколку состојки кои добро се поднесуваат од чувствителната кожа. Погоден е за употреба кај бебиња и деца, како и при лесни изгореници и после површни дерматолошки процедури како на пр. ласерски третмани и хемиски пилинзи*. Кожата е регенерирана, заштитена и обновена.*Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа треба да се користи само на реепителизирана кожа (т.е. откако ќе се образува ново ткиво), а не на отворени, влажечки или рани што крвават. Посоветувајте се со вашиот дерматолог колку долго треба да почекате после лечењето, пред да го користите производот.
EUCERIN AQUAPHOR ЗАШТИТЕН AQUAPHOR МЕВЛЕМ ЗА ОШТЕТЕНА КОЖА – ПОГОДЕН ЗА БЕБИЊА маст , 45 ml
747.00 ден
1 на залиха
1 на залиха
Подигање веднаш
Бесплатно
Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање
150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.
2-3 работни дена
14
People watching this product now!
Payment Methods:
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.