ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO AKUT КАПСУЛИ?IMUNOBOR URO AKUT капсули е граничен производ кој во својот состав како активна компонента содржи, екстракт од плодови на црвена американска боровинка – Cranberry (Vaccnium macrocarpon)-(12% PAC).Црвената американска боровинка (Vaccnium macrocarpon) преку проантоцијанидините тип А, означени како РАС, дејствува антиатхезивно и антимикробно, притоа не дозволувајќи лепење на бактериите за слузницата на мокрачните патишта. Делува и во промена на РН на урината (во кисела РН), преку конверзија на бензоичната киселина во хипурна киселина. Активно помага на функцијата на уринарниот тракт, придонесува за одржување на здрава и издржлива слузница и нормална алкално-кисела рамнотежа на урината.Граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули може да помогне и се препорачува за:профилакса (спречување) од бактериски инфекции на уринарниот тракт, кај акутен цистит, уретрит, акутни уринарни инфекции, асимптоматска бактериурија, склоност кон чести инфекции.Немојте да го употребувате граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули:ако сте алергични (преосетливи) на било која составна компонента на граничниот производ.Бидете посебно внимателни со граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули:- ако симптомите на уринарна инфекција не се намалат во текот на употребата на IMUNOBOR URO AKUT капсулите или симптомите се влошат, консултирајте се со Вашиот лекар;- ако имате нарушување во згрутчувањето (коагулацијата) на крвта, поради присуство на салицилна киселина во црвената боровинка, треба внимателна употреба со совет од лекар;- ако имате историја за формирање оксалатни камења во бубрезите, треба внимателно да се следи пропишаната доза.Употреба кај деца:Капсулите се препорачуваат за употреба кај деца над 1 годишна возрастУпотреба со други лекови и медицински производи:IMUNOBOR URO AKUT капсулите може да ги зголемат ефектите на антикоангулантните лекови (лекови против згрутчување на крвта) како што се кумаринските деривати (варфарин). Истовремена употреба со салицилати и други нестероидни антиинфламаторни лекови не се препорачува без совет од лекар. Истовремена употреба со лекови инхибитори на протонската пумпа, може да доведе до намалување на нивната ефикасност.Бременост и доење:Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.Капсулите IMUNOBOR URO AKUT, може да се употребуваат во тек на бременост и доење, бидејќи не се докажани некои несакани дејства во однос на составните компоненти.КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД:Секогаш употребувајте IMUNOBOR URO AKUT капсули според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.Возрасни: По една растителна капсула до два пати дневноДеца: Над 1 година, по една растителна капсула дневноАко сте употребиле повеќе IMUNOBOR URO AKUT капсули од препорачаното:Не земајте поголеми дози од препорачаните за Вас.Ако сте заборавиле да земете IMUNOBOR URO AKUT капсули:Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.
BOROLA IMUNOBOR URO AKUT капсули , 20 парчиња
0.00 ден
Нема на залиха
Нема на залиха
Sale_coupon_15
Полин промоција !!!
Побрзајте и добијте 15 % попуст во следните 7 дена
Подигање веднаш
Бесплатно
Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање
150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.
2-3 работни дена
20
People watching this product now!
Payment Methods:
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.