БиоГаја ПроТектис таблетите за џвакање се производ којшто содржи патентирана млечнокиселинска бактерија Lactobacillus reuteri Protectis® (L. reuteri DSM 17938) која што им помага на добрите микроорганизми да го одржат природниот баланс на цревата. Бидејќи L. reuteri Protectis е природен жител во човечкото тело, тој е силно приспособен да преживее и да дејствува заедно со него. L. reuteri Protectis е испитуван во голем број клинички студии и ја докажа својата безбедност и ефективност.
БиоГаја ПроТектис таблетите за џвакање се препорачуваат при:
- Третман и превенција на констипација кај деца и возрасни
- Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца
- Дополнителна терапија на антибиотско лекување
- Дијареја
- Подобрување на имунитетот
- Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
- Кај деца и возрасни, како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
- Помага во одржување на здравјето на устата и забите (L. Reuteri е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.