Кремот Becutan Sensitive SOS е идеален за нега и за заштита на најчувствителната детска кожа која се соочува со состојби кои бараат интензивна нега и брзи резултати на подобрување. Формулацијата претставува уникатна комбинација од внимателно избрани, природни состојки, како што се ланолинот, пчелиниот восок, глицеринот, пантенолот и цинк оксидот, кои дејствуваат синергетски и обезбедуваат длабока нега и хидратација на кожата, а воедно ја заштитуваат од агресивни надворешни услови какви што може да бидат ветерот и студот.
Кремот Becutan Sensitive SOS е погоден за интензивна нега на кожата, особено во зимскиот период. Збогатен е со масни состојки од природно потекло, кои прават филм на кожата при нанесувањето и на тој начин спречуваат губење на водата од површината на кожата.
Производот е наменет за одржување на здравиот изглед и за нега на исклучително сува и чувствителна кожа, која е склона кон сушење и кон пукање (лице, тело, рачиња и пеленска регија).
Сите производи од колекцијата Becutan Sensitive се клинички и дерматолошки докажани во EU-лабораторија, во Италија, тестирани под надзор на дерматолози, следејќи ги принципите за добра клиничка пракса
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.