Бременоста е време кое е посебно од многу аспекти. Тоа е време кога се раѓа љубовта помеѓу мајката и детето. Време кога мајката има сè што е најдобро за неа и за бебето што го носи. Време на грижа, здравје и релаксација. Ваше време!
Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докозахексаноична омега-3 масна киселина) и се користи за надополнување на DHA омега-3 масни киселини кај бремени жени и доилки.
Pregnatol DHA во една капсула содржи препорачана дневна доза на омега-3 масни киселини DHA. Наменет за употреба во текот на целата бременост и за време на доењето.
DHA е oмега – 3 масна киселина – есенцијална масна киселина која не се синтетизира во организмот, но се внесува преку храната.
DHA е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата: 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот сочинуваат DHA, додека во мрежницата се сочинуваат 93% од вкупните омега-3 масни киселини.
Дури 60% од структурата на мозокот е составена од масти, а 25% од тие масти се само DHA. Како исклучително важна структурна компонента, DHA сочинува 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот.
Најинтензивниот раст на мозокот на бебето се јавува во последниот триместар од бременоста и во првата година од животот. Во првите две години од животот, DHA е основна компонента на критичните сврзни компоненти во мозокот.
DHA омега-3 масните киселини се неопходни за развој на видот и мозокот на бебето. Целокупниот развој на мозокот влијае на развојот на сите ментални и когнитивни функции.
Исклучително е важно DHA омега – 3 масните киселини да се внесуваат во текот на целата бременост во препорачана дневна доза. Бројните научни стражувања покажаа дека DHA омега – 3 масните киселини влијаат на:
- Здраво одржување на бременоста
- Го поддржува растот на фетусот
- Важни за развој на мозокот и видот на вашето бебе
ПРЕПОРАКИ ЗА ПРИМЕНА
Се препорачува да се користат 200 mg DHA дневно, од самиот почеток во текот на целата бременост.
Во првите два месеци од примената, DHA ќе се акумулира и ќе се депонира во телото, што му овозможува на бебето да го користи DHA непречено, правилно да се развива и расте.
Се препорачува да се користи 1 капсула на ден, која содржи препорачана дневна доза од 200 mg.
Исхрана богата со DHA омега -3 масни киселини(da se napravi kao vest)
Со цел бремените жени и доилките да консумираат доволна количина на DHA, препорачливо е да ја збогатите вашата исхрана со риба и морски плодови. Најдобри извори се харинга, скуша, лосос, сардини, туна, сардела, лигњи, бранцин … Покрај тоа, тие треба да внимаваат да не јадат риба што може да содржи голема количина на жива.
Според препораките на FDA (Food and Drug Administration – Администрација за контрола на храна и лекови), бремените жени и доилките треба да консумираат најмалку 250 до 340 грама неделно риба и разни морски плодови (со низок процент на жива), што прави околу 2 до 3 порции на неделно ниво На тој начин тие можат да ја внесат препорачаната доза од 200mg DHA.
Сепак, како што покажува истражувањето, околу 50% од бремените жени и доилките не консумираат препорачана количина риба. Причините се различни: страв од загадување (жива, тешки метали), навики во исхраната, здравствени состојби (алергии, итн.), посебни начини на исхрана…
Според достапните податоци, годишно во Србија се трошат 5,4 кг риба по глава на жител, во Црна Гора 9,7 кг, во Македонија 5,7 кг и во БиХ 6,0 кг. Ако знаеме дека препорачаниот неделен внес е околу 400-500 гр риба, или 24 кг годишно, тоа значи дека во нашиот регион се јаде до 5 пати помалку риба од препорачаниот внес.
Иако рибата е одличен извор на омега – 3 масни киселини, најбогатиот и најчистиот извор на DHA се микроалгите. Како природен извор со висока концентрација, тие содржат до триесет пати поголема концентрација на DHA во споредба со рибиното масло!
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.