Општи услови за употреба

Податоците, информациите и апликациите на ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine се расположливи за употреба под следните услови:

ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine е интернет портал за помош на потрошувачите при купување со помош на споредба на производи меѓусебе во рамките на иста категорија и олеснето пребарување низ пооделните производи.

Содржините на порталот не се официјални, освен ако тоа не е посебно нагласено. Податоците,информациите и апликациите кои се постапни преку порталот ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine, може да се променат без никакви предходни известувања и најави . Корисниците го употребуваат порталот на своја одговорност.

ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine не одговара за штета, посредна или непосредна, која би произлегла од достап, употреба или неможност на употреба на податоци, информации и апликаци на порталот. За правилност на податоците кои ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine ги добива од други субјекти, ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine ништо не гарантира и затоа е исклучен од секаква одговорност.

На одредени места ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine збира информации за корисниците (име, презиме, адреса, телефон, е-маил, …). Корисниците ги даваат овие информации на ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine доброволно. ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine гарантира дека податоците нема да ги злоупотреби и нема да ги посредува на трети лица.

Корисниците на ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine се анонимни или регистрирани. Анонимните можат да ги користат бесплатните услуги (на пр. Преглед на податоци за производи, нивната залиха, цени,…). Регистрираните корисници добиваат пристап до некои апликации на порталот ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine кои не се достапни за нерегистрираните корисници (на пр. Добивање на информации за промоции, попусти, промена на цени,…). Регистрираните корисници имаат корисничко име и лозинка за пристап, врзано за лице кое се пријавило за услугата.

Корисниците мора да ги почитуваат следните правила:

  • дека базата на податоци на системот на ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine како и самите податоци се заштитени во согласност со Законот за авторски и сродни права,
  • дека брендот ПЗУ Аптека ПОЛИН OnLine е заштитен во согласност со Законот за индустриска сопственост.

Враќање и рефундирање на средствата

Доколку производот го примите во неисправна или оштетена состојба, паричните средства ви се враќаат во целост.
Рефундацијата на парите се врши со претходно приложување на фотографија на производот што е неисправен или оштетен во рок од 1-3 работни дена од моментот на примање на нарачката. Производот треба да биде вратен во оригиналното пакување за рефундацијата да биде извршена.
Рефундацијата не е во сила доколку производот се користи.