Пробеби анги е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Пробеби анги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии: 20 соеви staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicillin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tubercu-losis, brucellosis.Двојно е поефикасен при инфекции предизвикани од Гр+ бактерии. Антисептичкиот и противоспалителниот ефект на Пробеби анги се должи на дејството на жалфијата, анисот и другите етерични масла. Флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект.Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип. Антимикотичното дејство на Пробеби анги е насочено и кон сите соеви на Candida albicans.Пробеби анги активно учествува во имунолошкиот одговор.Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот во серумот, го активира алтернативниот пат на комплементот со што ја зголемува фагоцитната активност на серумот и ги покачува вредностите на аглутинините во крвта. Етеричните масла (жалфија, нане, феникули и др.) имаат антисептичен и противвоспалителен ефект, ги намалуваат грчевите и напнатоста во стомакот на доенчето/детето, ги регулираат гасовите, ја намалуваат болката при голтање, а со тоа го олеснуваат хранењето. Етеричните масла (нане, еукалиптус и ментол) го олеснуваат дишењето.Има пријатен вкус и доенчињата/децата лесно го поднесуваат;Лесно го отстранува непријатниот мирис од устата;Не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите.Ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка употреба при потешки болни состојби.Состав:5.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);0.1gr Жалфија (Salviae off.);0.3gr Нане (Menthae Piperitae);0.1gr Анис (Pimpinella Anisum);0.6gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);Пропилен гликол (Propylene glycolum). Дозирање и употреба: Капки – до 30 капки на ден поделени во 3 дози половина час пред оброк. Вдишување – 30 капки во топол чај од босилек 2 пати на ден.Да се чува на место вон дофат на деца.
Dr.Bacheff PROBEBI ANGI КАПКИ раствор , 10 ml
133.00 ден
1 на залиха
1 на залиха
Sale_coupon_15
Полин промоција !!!
Побрзајте и добијте 15 % попуст во следните 7 дена
Подигање веднаш
Бесплатно
Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање
150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.
2-3 работни дена
15
People watching this product now!
Payment Methods:
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.