4U PHARMA PREGNATOL ACTIVE FOLATE + VIT B12 капсули , 30 парчиња

SKU: 4UPH-17

410.00 ден

2 на залиха

2 на залиха

Sale_coupon_15

Полин промоција !!!

Побрзајте и добијте 15 % попуст во следните 7 дена
  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

19 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

Pregnatol Active Folate + vit B12 содржи фолат во активен облик под заштитен назив QUATREFOLIC®

Quatrefolic® е фолат – глукозаминска сол на фолна киселина, во природен облик.

По структура, тој претставува активна форма на фолна киселина – не е потребен ензим во телото за нејзино активирање и употреба.

Во форма на сол, фолатот природно се наоѓа во храната (зелен зеленчук). Покрај тоа, глукозаминските соли природно се наоѓаат во нашето тело.

Термините фолна киселина и фолати често се користат наизменично за растворлив во вода витамин Б комплекс, неопходен за одржување на клеточната функција и здравјето, и е особено важен за подготовка за и за време на бременоста.

Суштинската разлика помеѓу фолатот и фолната киселина е тоа што фолатот е во природен облик, а фолна киселина се синтетизира хемиски.

Хемиски синтетизираната форма – фолна киселина, нашето тело не може да ја користи. Мора да се активира од страна на ензимите во телото преку четири чекори. Студиите покажаа и потврдија дека 30 до 50% од жените (во зависност од земјата) не можат воопшто да ја активираат и искористат внесената фолна киселина, бидејќи генетски немаат ензим што треба да ја активира. Кај овие жени, целата внесена фолна киселина останува слободно да циркулира во крвта, потенцијално предизвикувајќи несакани ефекти и за мајката и за бебето.

Фолатот, во природен, активен облик, со сигурност потполно се апсорбира и искористува!

Витамин Б12 во активен облик

Витаминот Б12 постои во четири облици.

Најчеста форма на витамин Б12 кај витаминските производи е цијанокобаламин. Тоа е хемиски синтетизирана форма на витамин Б12, а другите три форми се природни и се наоѓаат во храната и во организмот.

Хемиски синтетизираниот цијанокобаламин во телото не може да се користи, туку мора да се активира од страна на ензими. Кога се активира, се ослободува молекула на цијанид, која е штетна.

Во производот Pregnatol Active Folate + vit B12 се наоѓаат два природни, активни облици на витамин Б12 – метилкобаламин и аденозилкобаламин. Тие природно се наоѓаат во организмот. Метилкобаламин – делува во клетката и аденозилкобаламин се наоѓа во сите ткива и 20% во крвта. Игра важна улога во производството на енергија, има заштитен ефект врз нервите и учествува во метаболизмот на аминокиселините и хормоните.

Ова се активни форми и затоа организмот ги користи веднаш и целосно и без било какво  штетно ослободување на молекули.

Витаминот Б12, исто како и фолатот, е исклучително важен во текот на целата бременост.Исклучително е важно витамин Б12 да се користи заедно со активен фолат во текот на целата бременост.Во соработка со витамин Б12, коензимскиот фолат овозможува претворање на споменатиот аминокиселински хомоцистеин во метионин. Недостатокот на оваа конверзија е поврзана со разни патологии и болести.

Препорачан дневен внес на фолати во текот на бременоста

Pregnatol Active folate со витамин Б12 содржи природни форми – активен фолат и активен витамин Б12 во препорачаната дневна доза за време на бременоста, пропишана од Европската агенција.

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) препорачува внес од 600 µg фолна киселина дневно.

Се препорачува примена од 600 µg дневно, 12 недели пред планираната бременост, во текот на целата бременост и доење.

Бренд

Форма

Форма

Количина/големина

Количина/големина

Единица мерка

Единица мерка

Кориснички оценки

0 reviews
0
0
0
0
0

Критики

Clear filters

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “4U PHARMA PREGNATOL ACTIVE FOLATE + VIT B12 капсули , 30 парчиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 2 3 4 5
1 2 3 4 5
1 2 3 4 5

82 − 77 =