НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И СОВЕТИ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ИСХРАНАТА
ШТО Е ПРИХРАНА?
Прихраната претставува воведување нови прехранбени производи во исхраната на бебето, а кои не се мајчино млеко или млечни препарати за бебиња (жита, овошје, зеленчук, месо, риба…).
За прихрана се смета и преодниот период само од млечни производи во вообичаената исхрана како за другите членови од семејството.
КОГА СЕ ВОВЕДУВА ПРИХРАНАТА?
Прихраната се воведува помеѓу 4. и 6. месец од животот на детето, кога исхраната со мајчино млеко или со млечни препарати за бебиња не е доволна за да ги задоволи зголемените нутритивни и енергетски потреби на бебето.
Не се препорачува прихраната да се воведува пред 4. месец, бидејќи дигестивниот систем на бебето не е доволно развиен да свари таква храна. Прераното воведување на прихраната може да ја зголеми опасноста од алергиски реакции на храна, а може да доведе и до прерано одбивање на мајчиното млеко или на млечните препарати за бебиња.
Исто така, ако прихраната се воведе предоцна (по 6. месец од животот), можни се тегоби и отпор во прифаќањето нова храна.
КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ДЕТЕТО Е ПОДГОТВЕНО ЗА ПРИХРАНА?
Вашето бебе:
– седи со потпора
– самостојно ја држи главата и ја врти настрана
– го губи рефлексот со кој автоматски ја турка храната со јазикот низ уста
– голта храна што не е течна
– ја отвора устата кога ќе му се приближи лажица до уста
– ја врти главата настрана кога не е гладно
– покажува голем интерес за храна.
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.