BOSNALIJEK LYSOBACT таблети за џвакање 20mg+10mg, 30 парчиња

SKU: BSNL-5

210.00 ден

9 на залиха

9 на залиха

Sale_coupon_15

Полин промоција !!!

Побрзајте и добијте 15 % попуст во следните 7 дена
  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

12 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

Лекот се применува за лекување на блага болка во грлото кој не е пратена со покачена телесна температура, афти и ранички во устата кај возрасни и деца постари од 6 години.

Предупредете го докторот доколку применувате и други лекови, доколку имате некој хронична болест , некое пореметување на метаболизмот, доколку сте преосетливи на некои лекови или сте имале алергиска реакција на некој од нив.

 

Лекот LYSOBACT® компримирани лозенги не смеете да ги применувате доколку:

  • Вашето дете е помало од 6 години.
  • Ако сте преосетливи на лизозим хлорид или пиридоксин хлорид или на било која друга сосотојка на лекот.

 

Бдете внимателни со лекот  LYSOBACT® компримирани лозенги
Примена на големи дози на пиридоксин (витамин Б6) во тек на подолг временски период (повеќе месеци, или дури година) може да се појават трнење, пореметувањее на рамнотежа, тресење на раце и стапала, отежната координација на движење, кои обично се повлекуваат по прекин на терапија со лекот.

Овој лек несмеете да го употребувате подолго од 5 дена, со оглед ба тоа дека лекот би можел да доведе до пореметување на рамнотежата на нормалната  микрофлора во усната шуплина, што може да придонесе до ризик од појава на бактериски и гливични инфекции.

 

Болести на слузницта на остата и грлото
Во случај на појава на други симптоми (покачена телесна темперетура, гноен исплувок, отежнато голтање), влошување на овие симптоми или доколку не дојде до подобрување во рок од 5 дена посоветувајте се со Вашиот доктор.

Афти
Во случај лезиите да се прошират , нивното траење да се продолжи  или во случај на покачена телесна температура, веднаш посоветувајте се со својот доктор.

 

Примена на други лекови со лекот  LYSOBACT®  компримирани лозенги
Имајте во обзир дека овие информации можат да се однесуваат и на лекови кои повеќе не ги применувате, како и на лекови кои планирате да ги применувате во иднина.Известете го својот доктор ако применувате, или неодамна сте применувале некој друг лек, вклучувајќи и лек кој се набавува без лекарски рецепт.

Не применувајте неколку лека истовремено

Овој лек содржи лизозизм хлорид и пиридоксин хлорид. Постојат и други лекови со слична содржина. Не ги применувајте устовремено со лекот LYSOBACT®  да не се прекорачи максималната препорачана доза од лекот (да се види во дозирање и начин на примена ).

 

Примена на храна и пијалок со лекот LYSOBACT® компримирани лозенги
Примена на храна и пијалок не би требало да влијае на ефикасноста на лекот LYSOBACT®компримирани лозенги.

 

Бременост и доење
Пред да почнете со употреба на лекот , посоветувајте се со лекар или фармацевт.

 

Бременост
 Како мерка на внимателност , се препорачува овој лек да не се применува во тек на бременост .

 

Доење
Со оглед дека нема доволно податоци за излачување на лизозимот во мајчиното млеко, нити пак на пиридоксинот, лекот треба да се избегнува за време на доење.

Управување со возила и машини
LYSOBACT®компримираните лозенги не влијаат на способноста на управување со возило или ракување со машини.

Останати предупредувања
Лекот LYSOBACT®  компримираните лозенги содржат лактоза.  Во случај на нетолеранција на некој шеќер, обратете се кај вашиот доктор пред примена на лекот.

Бренд

Форма

Форма

Јачина/концентрација

Јачина/концентрација

Количина/големина

Количина/големина

Единица мерка

Единица мерка

Кориснички оценки

0 reviews
0
0
0
0
0

Критики

Clear filters

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “BOSNALIJEK LYSOBACT таблети за џвакање 20mg+10mg, 30 парчиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 2 3 4 5
1 2 3 4 5
1 2 3 4 5

33 − = 27