Состав
Комплекс од течен хидролизиран колаген од риба (тип I), хијалуронска киселина, витамини и минерали (витамин Ц, витамин Б3, цинк глуконат, витмин Б5, витамин Б2, витамин Б6, бакар глуконат, витамин А, биотин, витамин Д3).
Фармацевтска форма
Течен колаген за пиење.
Дејство
Колагенот е составен дел на многу ткива во човечкото тело, вклучувајќи ги коските, р’скавиците, кожата, тетивите, крвните садови, непцата и забите, и е неопходен за одржување на нивната нормална структура и функција.
Хијалуронската киселина, исто така, е значаен составен дел на сврзните ткива, на епителните ткива и на кожата за одржување на нивната еластичност. Застапена е во синовијалната течност која служи за подмачкување на зглобовите.
Комбинацијата на витамини и минерали е додадена со цел да се збогати составот и да се дополни дејството на производот.
- Витамин Ц – придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на коските, р’скавицата, кожата, на непцата и на забите, и придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Витамин Д3 – придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување нормални коски и заби и за одржување нормална функција на мускулите.
- Витамин Б2 – придонесува за одржување нормални кожа и мукозни мембрани, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Биотин – придонесува за одржување нормални коса, кожа и мукозни мембрани.
- Витамин А и нијацин – придонесуваат за одржување нормални кожа и мукозни мембрани.
- Бакар – придонесува за одржување нормални сврзни ткива, за нормална пигментација на кожата и на косата и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Цинк – придонесува за одржување нормални коски, коса, кожа и нокти, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Употреба
Возрасни: Еднаш дневно по 30 ml, препорачливо е да се зема навечер пред спиење. Се зема нерастворено или по потреба може да се раствори во половина чаша вода.
По отворањето колагенот Collacare треба да се чува во фрижидер. Да се употреби во рок од 30 дена по првото отворање.
Пакување
Картонската кутија содржи шише од 500 ml, упатство за употреба и капаче за одмерување.
Нето-количество: 500 ml
Регулаторен статус
Додаток во исхраната.
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.