BAYER CANESTEN вагинален крема 0.02, 20 g

SKU: BAYER-06

440.00 ден

4 на залиха

4 на залиха

Sale_coupon_15

Полин промоција !!!

Побрзајте и добијте 15 % попуст во следните 7 дена
  • Подигање од аптеките на ПОЛИН

Подигање веднаш

Бесплатно

  • Испорака по брза пошта

Нарачанате роба ќе биде испорашана до адресата наведена за испорака при плаќање

150 денари, за нарачки преку 1500 денари, бесплатно.

2-3 работни дена

20 People watching this product now!

Payment Methods:

Опис

Канестен 3 вагинален крем се употребува за лекување на инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто Caпdida) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Пакување: туба со 20 г вагинален крем и 3 апликатори

Употреба:

Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во упатство (освен  ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

Внесете го вагиналниот крем што е можно подлабоко во вагината, навечер пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе. За лекување на вагинални инфекции: секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови испразнете ја содржината на 1 апликатор (приближно 5 г) во вагината.

За лекување на кандиден вулвитис и кандиден баланитис кремот нанесете го во тенок слој со втривање на заболените места, 2 до 3 пати дневно (надворешните полови органи до анусот кај жената, главата и кожичката кај мажите). Лекувањето е обично 1 до 2 недели.

Терапијата не треба да ја применувате за време на менструација. Таа треба да заврши пред почетокот на менструацијата. Не треба да употребувате тампони, интравагинални туширања, спермициди или други вагинални производи, за време на употребата на овој производ.

  • Плодност, бременост и доење:

Пред да земете било каков лек, советувајте се со лекар или со фармацевт.

Можни несакани дејства: Како и сите лекови и Канестен 3 вагинален крем може да предизвика несакани дејства, иако тие не се појавуваат кај секого.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Избегнувајте контакт на лекот со очите. Немојте лекот да го голтате. Лекот да се чува на температура до 25°С.

Бренд

Форма

Форма

Јачина/концентрација

Јачина/концентрација

Количина/големина

Количина/големина

Единица мерка

Единица мерка

Кориснички оценки

0 reviews
0
0
0
0
0

Критики

Clear filters

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “BAYER CANESTEN вагинален крема 0.02, 20 g”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 2 3 4 5
1 2 3 4 5
1 2 3 4 5

55 − = 49